Јапонската автомобилска компанија Honda Motor денеска соопшти дека ќе го намали производство до 40% во Јапонија на почетокот на септември поради постојаните проблеми во синџирите на снабдување и логистичките проблеми.

Фабриката за склопување во Саитама, северно од Токио, ќе го намали производството за околу 40% на почетокот на следниот месец.
Две линии во фабриката Сузука во западна Јапонија ќе ги намалат плановите за производство за околу 30% на почетокот на септември.

Хонда ги обвини доцнењата во примањето делови и логистиката поради Ковид 19 и недостигот на полупроводници.
Тоа би влијаело на производството на различни возила како што се спортското корисно возило Vezel, миниван Stepwgn и компактниот автомобил Civic.

Една од причините зад оваа одлука на Honda е и одлуката на кинеските власти за рестрикции на струја за индустријата во регионите кои се силно погодени од големата суша, пшто предизвика многу проблеми во производството на многу компании.

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor Co. соопшти дека неговата фабрика во кинескиот град Чонгкинг ќе остане затворена оваа недела бидејќи локалната влада ја продолжи наредбата за ограничување на користењето на електрична енергија и затворање на фабричките операции.

Секој производител во регионот Чонгкинг е предмет на наредбата и не е одлучено кога ќе биде укината, според портпаролот на Honda. Претходната одлука на кинеските власти требаше да истече на 25 август.

Локалните власти во Сечуан и Чонгкинг наредија прекин на електричната енергија за индустриските постројки и домаќинствата бидејќи регионот се соочува со голема топлина и силна суша. Во провинцијата Сечуан, која многу се потпира на хидроенергијата, нејзините главни акумулации се исцедени, додека реката Јангце, која минува низ соседниот Чонгкинг, достигна најниско ниво од најмалку 1865 година.

Денеска и автомобилската групација Stellantis соопшти дека го прекинува до сабота производството во нејзината фабрика во Франција заради проблеми во снабдувањето со чипови.