Воведувањето на царини на страна на ЕУ за електричните автомобили од кинеско производство ќе го забрзаат затворањето на фабриките во Европа од страна на локалните производители на автомобили, бидејќи царините ќе ги натераат кинеските производители да градат капацитети во Европа, зголемувајќи ги проблемите со вишокот производни капацитети, предупредува извршниот директор на европската автомобилска групација Stellantis, Карлос Таварес.
Европските влади, вклучително и Италија, се обидуваат да ги привлечат азиските производители на автомобили додека компаниите го засилуваат своето комерцијално присуство во регионот.
Производството на автомобили во Европа ќе им овозможи, под одредени услови, да ги избегнат давачките за електричните возила што ги воведува Европската унија.
Царините имаат несакани ефекти, изјави Таварес на саемот за автомобили во Париз.
„Тоа ќе го зголеми прекумерниот капацитет на производниот систем на Европа и ќе се забрза потребата да се затворат фабриките“.
„Ако кинеските производители обезбедат 10% удел во Европа, тоа значи 1,5 милиони автомобили. Седум фабрики во нашата земја склопуваат толку многу“, изјави тој.
Говорејќи за италијанските медиуми, Таварес го спомна случајот со кинескиот EV гигант BYD кој ја гради својата прва европска фабрика за склопување во Унгарија.
„Кинеските производители на автомобили нема да одат во Германија или Франција или Италија за да ги градат своите автомобили, бидејќи таму би им било поскапо, почнувајќи од трошоците за енергија“, рече тој.
Рим, кој е во судир со Stellantis за неговото намалување на производството во Италија, изјави дека е во преговори со азиските производители на автомобили за можни производствени инвестиции, вклучително и со кинескиот Dongfeng и Chery Auto.
Stellantis, чиј чадор ги вклучува марките Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Chrysler и Jeep, минатиот месец ја намали својата деловна прогноза, која ја препиша на проблемите на северноамериканскиот пазар и генерално тешките услови во автомобилскиот сектор.
Извор: Reuters