Повеќе од 1.500 посетители го проследија шестиот FMCG SUMMIT 2020 кој се одржа вчера, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Со тоа, ова издание на Самитот постави рекорд во посетеност на најголемиот трговски настан во годината. Изборот на говорниците и нивните теми во најнеизвесната година за трговскиот сектор и за економијата воопшто, го предизвикаа и го задржаа вниманието на публиката до самиот крај. Имаше бројни прашања од присутните кои стигнаа преку е-маил, Youtube и Zoom. InStore дополнително ќе ги достави одговорите на прашањата кои вчера говорниците не стигнаа да ги одговорат.
Ексклузивен говорник на шестиот FMCG SUMMIT 2020 беше д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, на темата „Зошто треба да правите реинвенција на вашата компанија секои три години?”. Нејзината најнова книга е „Како да научиме не само да преживееме во оваа нова реалност, туку и да напредуваме“ (The Chief Reinvention Officer Handbook: How to Thrive in Chaos). Од оваа книга можат бесплатно да се симнат 85 страници, на следниот https://www.learn2reinvent.com/handbook .
Говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 беа:
Ана Јеличиќ од „Design Thinkers Academy“ (Србија), која зборуваше за Design Thinking како начин на делување; Поликарп Арсеновски, генерален менаџер на „Thrivity“ посочи кој е патот до вистинските луѓе; Иван Крушковиќ од „Нилсен“(Србија) се осврна на темата „Креирање вредност преку оптимизација на полиците”, а Митка Мојсовска од КОЛА го пренесе нејзиното искуство за контролингот како клуч за квалитетни бизнис одлуки. Со Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“ направивме интервју за вистинските потези за успех; Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, зборуваше за илузијата на одговорноста, а Антонио Зрилиќ од „Логико“, Хрватска, ги објасни стратегиите за еластичен синџир на снабдување пост – Ковид. Кина Демирел од „Migros Ticaret A.Ş”, Турција говореше на темата „Нова лојалност во новата реалност”, а Филип Станковиќ , од „Филип Морис Интернешнал“, „Нојшател“ Швајцарија, ги кажа научните докази зад новите тутунски производи.
Генерален спонозор на Самитот беше Atlantis, а спонзори Pringles, Sütaş , Ramstore, NLB Banka, Пивара – Скопје, Пакомак, THRIVITY и GURMANO.
InStore и „Кликер маркетинг“ Ве очекуваат на следниот, 7 FMCG SUMMIT в година!