Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26%.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 61,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по 53 денари, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар по литар и исто така ќе чини 53 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,155 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,06 денари..
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на светскиот пазар о и понискиот курс на доларот во однос на денарот.
“Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 0,82%, кај дизелот 2,47%, кај екстра лесното масло 2,79% и кај мазутот 0,688% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 %”, објаснуваат од Регуллаторната комисија за енергетика.