Велешката фабрика Димко Митрев во првите девет месеци од 2019 година остварила приходи од продажба на странски пазари од околу 3 милиони евра, додека минатата година извозот изнесувал од 3,9 милиони евра.
Велешката фабрика за производство на крзно и различни крзнени производи над 95% од своите производи ги продава во Скандинавските земји. Нивни најголем купувач е компанијата Shepherd of Sweden, која во своите продавници продава најразлични крнени производи изработени во Димко Митрев почнувајќи од топлинки, ракавици, капи, теписи…
Набавката на суровата овчка кожа се врши од увоз-Австралија и Нов Зеланд и помали количини од Шведска, Албанија и домашниот пазар.
Инаку, Димко Митрев е во мнозинска сопственост на две шведски компании LAYAN INTERNATIONAL, која поседува 28,28% и D.M I Tranemo која поседува 23,87% од капиталот на Димко Митрев од Велес.