Винарската Визба Тиквеш објави дека во првите девет месецо годинава остварила вкупни приходи од продажба од 20,9 милиони евра, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани.
Приходите од продажба на вино на домашниот пазар, кој учествуваат со 52% во вкупните продажби на Тиквеш, изнесуваат околу 11 милиони евра и се за 14% поголеми во споредба со истиот период минатата година.
Приходите пак на Тиквеш од продажба на на странски пазар во првите девет месеци се намалени за 2% и изнесуваат 9,95 милиони евра.
Извозот учествува со 47,5% во вкупните продажби на вино на Тиквеш.
Најголемата винарија во земјава во првите девет месеци годинава работела со нето добивка од околу 726 илјади евра, која е за 3% поголема од истиот период лани.