Во Северна Македонија постои голема разлика меѓу желбата за нормализирање на состојбата и реалноста во која доаѓа до зголемување на бројот на инфицирани лица. Само на 13 јуни беа регистрирани 193 случаи, што претставува загрижувачка бројка за население со официјалнаа бројка од два милиони жители, велат од Делегацијата на германското стопанство во земјава.

“И покрај оваа состојба на германските инвеститори во земјава им се потребни надворешни експерти за одржување како на постоечките, така и за инсталација на нови машини во производните погони. Како прв чекор го поздравуваме вчерашното отворање на границите. Истовремено, сметаме дека постои итна потреба од намалување на бирократските процеси за да се олесни влезот, како и излезот од земјата за сите деловни патувања”, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.