Недостигот од чипови и нарушувањата во синџирите за снабдување ќе предизвикаат производството на автомобили во светот да се намали за пет милиони годинава, покажува најновиот извештај на аналитичката куќа IHS Markit. Тоа претставува најголемо намалување на изгледите во автомобилската индустрија во последните девет месеци.

Повикувајќи се на предизвиците во синџирот на снабдување, IHS објави дека ја намалува прогнозата за производство на лесни возила за 6,2% за 2021 година или за 5.2 милиони единици и за 9,3% за 2022 година, односно за 8,45 милиони помалку проиведени единиц.

Операциите за пакување и тестирање во секторот за полупроводници во Малезија беа погодени поради владините мерки за борба против растечкиот број на заразени со делта сојот, што според IHS ги отежнува постојните проблеми во синџирите на снабдување.

„Нашето толкување на ситуацијата во Малезија, која е одговорна за 13% од глобалната понуда на полупроводници за автомобилската индустрија, стана попесимистичка“, вели ИХС.

„Заостатокот од два и пол месеци, што се создаде од јуни, ќе треба време да се расчисти и се очекува да се прошири и во 2022 година.

Многу производителите на автомобили меѓу кои Volkswagen, General Motors и јапонската Тојота ги намалија прогнозите за производство и продажба поради проблемите со недостаток на чипови, влошени заради растечкиот број на новозаразени со делта сојот на корона вирусот во клучните азиски центри за производство на полупроводници.

IHS објави дека полупроводничкиот недостаток резултирал со загубено производство од 1,44 милиони единици во првиот квартал и дополнителни 2,6 милиони единици во вториот квартал.
Во моментов, загубите во третиот квартал изнесуваат 3,1 милиони единици, што е речиси двојно од претходната прогноза.

„Изгледите за четвртиот квартал сега го одразуваат зголемениот ризик бидејќи предизвиците за синџирот на снабдување – пред се полупроводниците – остануваат цврсто вкоренети“.

Извор: IHS Markit