Пристаништето Бар може да биде база за складирање и дистрибуција на течен гас од САД во Европа, што би значело поголема стабилност и енергетска безбедност за земјата, изјави министерката за економија Драгица Секулиќ.
Таа додаде дека веќе започнале преговори меѓу американските и црногорските компании за потенцијална соработка во областа на складирање и дистрибуција на природен гас од САД до Црна Гора.
Заклучокот на двете администрации е дека постојат сите предуслови за успешна деловна соработка помеѓу стопанските субјекти на двете земји, но конкретен договор бара инвеститорите да најдат заеднички интерес.
„Кога сте член на НАТО, тоа значи голема сигурност и безбедност на инвеститорите за американските инвеститори“, вели министерката Секулиќ, според која воведувањето нов енергентби значело и нова стабилност и безбедност за идните инвестиции.
„Течниот природен гас е извор на енергија кој е чист и ефикасен и може да се користи како замена за нафта или мазут, а понекогаш и како замена за електрична енергија. Како таков тоа за нас значи многу“, вели Секулиќ.
Како што објаснуваат од пристаништето, Бар ќе се користи за претовар и складирање на течен гас, што ќе има позитивни ефекти врз развојот на инфраструктурата, како и на развојот на индустријата.
Секуловиќ потсети дека Комбинатот за алуминум веќе користи течен природен гас, што значително влијаеше за се намалат штетните честички.
Таа додаде и дека Железарата Никшиќ работи на замена на горивото со течен природен гас.
„Црна Гора ќе биде база за дистрибуција на овие контејнери понатаму во Европа. Пристаништето во Бар има добра географска позиција и е добра локација за таков центар“, рече Секулиќ, според која ова е еден начин да се подготви пазарот за користење на гасот.
Ова значи, додава таа, чекор понатаму кон воведување на нов извор на енергија, развој на нова гранка на економијата и поголемо искористување на капацитетите на пристаништето во Бар.
„Ова е нова ера во работењето на пристаништето Бар, која подразбира партнерство со сериозни инвеститори, а тоа значи отворање на нови работни места и нови компании што ќе управуваат со логистиката“, рече Секуловиќ.
Директорот на пристаништето, Владан Вучелиќ, претходно изјави дека изградбата на ваков терминал ќе има повеќе ефекти врз работењето на пристаништето, како и бројни придобивки и дека пристаништето во Бар е подготвено за прием и дистрибуција на природен гас.