Рекордни 26 милиони Американци веќе побарале помош за невработени откако ги изгубиле работните места во последните пет недели. Со тоа се потврдуваат предвидувањата дека сите работни места создадени за време на најдолгиот бум во вработувањето во историјата на САД ќе бидат збришани за околу еден месец колку што коронавирусот ја уништува економијата.
„Американската економија ги губи работните места со темпо и обем што досега не се забележани. Тоа може да се спореди со природна непогода на национално ниво “, вели Скот Андерсон, главен економист во Bank of the West за Ројтерс.

16% од работниците се oстанати без работа

Врз основа на просечните податоци до 21 март околу 26,2 милиони луѓе ги загубиле своите работни места, што претставува околу 16% од работната сила.
Економијата на САД создаде 22 милиони работни места за време на најголемиот бум во вработеноста, што започна од септември 2010 година до февруари годинава.
Проценките се дека откако економијата ќе започне да се отвора, отпуштањата ќе се забават, но не сите ќе се вратат на своите работни места.

Трамп сака да ја подигне економијата

 

Се поголемите бројки за растечката невработеност ја влошуваат сликата на американската економија, посебно после се погласните протести против запирањето на економијата низ целата земја за да се контролира ширењето на COVID-19.
Претседателот Доналд Трамп, кој ќе го бара својот втор мандат во Белата куќа на изборите во ноември, е подготвен повторно да ја подигне парализираната економија.
Во средата, тој отворени ги поздрави чекорите преземени од неколку држави предводени од републиканци за да се започне со повторното отворање на економиите и покрај предупредувањата од здравствените експерти за потенцијален нов пораст на инфекции.