Извозот на Кина забележа неочекуван раст од 3,5% во април, што е прво зголемување од декември минатата година, покажуваат податоците на кинеската царинска управа објавени денеска.

Овој индикатор далеку ги надмина проекциите на економистите кои предвидоа пад на извозот од 15,7% во истражувањето на Ројтерс. Но, големиот пад на увозот од 14,2%, што сигнализира дека на повидок се уште проблеми за кинеската економија, со оглед дека остатокот од светот бележи пад во економската активност.

Зголемувањето на кинескиот извоз водено од зголемувањето на извозот на медицинска опрема, традиционална кинеска медицина и текстил, вклучувајќи ги и маските .

Само во март и април Кина извезла медицински производи во вредност од 10 милијарди долари.

Вредноста на дневниот извоз на медицински материјали се зголемил за повеќе од три пати минатиот месец.

Некои економисти, исто така, го припишуваат порастот на извозот на затворање на фабрики во остатокот од светот, што доведува до пораст на побарувачката за увоз од Кина, во период кога кинеските производители повторно се отворија по продолжените затворања заради коорнавирусот.