Вакцините се голем бизнис на светско ниво. Само од извоз на вакцини за луѓе лани се заработени 31,7 милијарди долари на светско ниво. Вредnоста на извозот на вакцини бележи раст од 9% во споредба со 2018 година, но растот за изминатите пет години изнесува 19,8%.
Податоците на Worldtopexport покажуваат дека најголеми извозници на вакцини во светот се земјите од Европската Унија, коилани продале вакцини во вредност од 27,7 милијарди долари, што е 87,5% од вкупниот извоз на вакцини во светот. Северно американските земји имаат учество во вкупниот извоз од 7,8%, а само 4,3% од извозот на вакцини го прават азиските земји.
Гледано по земји, најголем извозник на вакцини во светот е Белгија, која лани имала извоз од 9,5 милијарди долари, или 30,2% од вкупниот извоз. Втор најголем извозик е Ирска со извоз од 5,3 милијарди долари или 16,8% од светскиот извоз на човечки вакцини.
Трета е Франција со извоз од 4,3 милијарди долари. Во првите десет најголеми извозници на вакцини се и Италија (1,1 милијарда долари), Индија (754,8 милиони долари), Полска (592 милион долари) и Германија (503,1 милион долари).
Останува да видиме дали некоја од земјите најголеми извознички на вакцини ќе успее да биде и прва во трката за наоѓањето на безбедна и ефикасна вакцина за Ковид 19.