Mercedes-Benz го продолжи производството на мотори во својата фабрика во Бад Канстат, Штутгарт, оваа недела откако Германија ги олесни мерките за карантин како сигнал дека најголемата европска економија се враќа на работа откако коронавирусот ја доведе земјата во застој.
Daimler, матичнатa компанија на Mercedes-Benz, постепено ги отвора и своите погони во Европа користејќи ги лекциите научени од продолжување на производството во својата фабрика во Кина, за да се осигури дека коронавирусот нема да се шири меѓу работниците во Германија.
Daimler неделава го започна производството во неколку фабрики. За да ги заштити вработени, компанијата презеде дополнителни заштитни мерки кои треба да се спроведат во сите 92 фабрики низ целиот свет.
„Насекаде каде што не можеме да гарантираме растојание од 1,5 метар, од вработените се бара задолжително да носат маски за лице“, рече Френк Деис, потпретседател на погонот за производство.
Daimler исто така ги продолжи смените, така што работниците повеќе нема да се среќаваат меѓусебе.
За разлика од Италија и Шпанија, Германија никогаш не го забрани производство на автомобили, иако фабриките имаа застој откако властите го ограничија движењето на луѓето и наредија затворање на дилерите за автомобили, што ја намали побарувачката.
Фабриките на Mercedes-Benz во Хамбург, Берлин и Унтертуркејм, исто така, ќе продолжат со производство оваа недела, додека фабриките во Сингелфинген и Бремен исто така прават подготовки да го продолжат производството.