Европската автомобилска индустрија се најде во во исклучително тешка состојба од пандемијата на корона вирус, а годинава се очекува падот во оваа гранка годинава да достигне 25%.
Производителите на возила мораа да ги затворат своите центри за развој и производствените фабрики во ЕУ во просек за 30 работни дена за време на периодот на карантини, што доведе до загуби во производството од над 2,4 милиони моторни возила досега.

Продажбата на автомобили се очекува да се намали за рекордни 25 % во 2020 година, според проценките на Европското здружение на производители на автомобили (ACEA).
„Ние сме посветени да работиме со креаторите на политики во Брисел и земјите членки на ЕУ за да обезбедиме нашиот сектор да преживее и да закрепне, со што ќе заштитиме работни места, производство и идните инвестиции“, рече Ерик-Марк Хутиема, извршен директор на АЦЕА.

Над 50% од македонскиот извоз е поврзан со европската  автомобилска индустрија, па падот во водечката европска индустрија веќе се одразува врз македонскиот извоз, кој во април забележа пад од 60%, додека за првото полугоди извозот беше помал за 24% во споредба со истиот период лани.

Автомобилскиот екосистем обезбедува вработување за над 14,6 милиони луѓе, што претставува 6,7% од вкупното вработување во ЕУ.
Со 2,7 милиони луѓе кои работат на производство на возила во 226 фабрики во ЕУ, автомобилската индустрија учествува со 8,5% од вкупното производство во регионот.
Речиси 18 милиони возила се произведени во Европа во 2019 година, што претставува 20% од светското производство на возила.

Извезени се 5,6 милиони возила ширум светот, при што ЕУ минатата година остварила трговски суфицит од 74 милијарди евра.
Автомобилската индустрија има најголемо трошење на истражување и развој во ЕУ, инвестирајќи импресивни 60,9 милијарди евра годишно.
Денес на европските патишта има 313 милиони возила. Покрај тоа што луѓето и стоките можат да се движат слободно преку континентот, овие возила се главниот извор на државни приходи, создавајќи повеќе од 440,4 милијарди евра даноци годишно.