Полската влада усвои програма за субвенции од 1,07 милијарди евра за секторите кои трошат големи количини енергија за да ги заштити од зголемените цени на енергијата.
Полските потрошувачи се соочуваат со нагло зголемување на сметките за струја и гас поради бојкотот на руските јаглеродни горива и глобалната енергетска криза.
„Тоа е уште една фаза на владина поддршка за енергетски интензивни претпријатија, со буџет од дури 1,07 милијарди
евра“, рече министерот за развој Валдемар Буда.
„Првата фаза беше шемата за 2022 година понудена на 92 субјекти за 2021 година, која беше во вредност од речиси 171 милион евра“, додаде Буда.
Програмата на Полска била прифатена од Европската комисија (ЕК) во декември 2022 година која ја одобри државната помош со објаснување дека таа не ја загрозува конкуренцијата на единствениот европски пазар.
Министерството за развој на Полска предвидува дека околу 1.000 фирми, главно средни и големи компании, ќе имаат корист од програмата за субвенционирање на цените на енергенсите.