Продажбата на автомобили во Кина е во постојан пад веќе трета година по ред, а има мали знаци дека овој пад би можел да заврши со оглед на забавувањето во економијата.
Кинеската Асоцијација на производители на автомобили објави дека пазарот на автомобили во Кина минатата 2019 година има пад од 8,2% со продадени помалку од 25,8 милиони автомобили. Падот на продажбите ан автомобили во 2018 година изнесуваше 3%, што беше прво намалување на овој пазар после 27 години раст.
Кризата со продажбата беше влошена минатата година со слабиот економски раст, трговската војна со САД и новите стандарди за емисија на гасови воведени во текот на летото 2019 година.
Неподготвеноста на потрошувачите да направат големи набавки на автомобили во неизвесно опкружување имаше влијание, но исто така влијание имаше и владината кампања против смртоносно ниво на загадување.
Проценките за 2020 година изгледаат малку подобро, но продажбите се очекува да продолжат да паѓаат за 2%.
Но, производителите на автомобили се подготвуваат за поголема болка.
За пазарот на автомобили во Кина, 2020 година ќе биде критична бидејќи производителите на автомобили се справуваат со пониски субвенции, посилно спроведување на регулативите за штетни емисии на гасови и нарушувања од новитетите во технологијата.
Падот на кинескиот пазар на автомобили силно ги погодува и сите светски производители на автомобили.
„Ford соопшти дека продажбата на автомобили бележи пад за 26% минатата година во Кина на 567.854 единици и предупреди за тешки времиња што претстојат.
„Притисокот од надворешното опкружување и трендот на намалување на обемот на индустријата ќе продолжат и во 2020 година“, вели Анинг Чен, претседател и извршен директор на „Форд Кина“.
GM објави дека минатата година продал 3,09 милиони автомобили во Кина, што е намалување од 15% во споредба со 2018 година. Исто како и Ford, и GM песимистички прогнози за новата година .
„Очекуваме падот на пазарот да продолжи во 2020 година и овие трендови да имаат влијание врз нашата деловна активност во Кина“,вели Мет Циен, потпретседател на GM и претседател на GM China.
Продажбата на нови електрични и хибридни автомобили исто така бележи пад за 4% на 1,21 милиони продадени автомобили минатата година.
Кина сака новите електрични автомобили да сочинуваат најмалку една петтина од вкупната продажба на автомобили во земјата до 2025 година, но побарувачката беше ограничена со забавувањето на економијата и одлуката на Пекинг да ги намали субвенциите за овие возила.