Вкупната продажба на возила во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, во април падна за речиси 48% во однос на претходната година, бидејќи големите затворања и ограничуваења заради ширењето на Ковид 19 ги погодија фабриките и изложбените салони. Но, податоците покажуваат дека продажбата на електрични возила се зголемила, а кинеските брендови земаат поголем пазарен удел од светските ривали.
Месечниот обем на продажби беше најнизок за месец април во последната деценија, нагласувајќи го економскиот данок на строгите ограничувања што Кина ги воведе во април во Шангај и другите градови за да го контролира ширењето на корона вирусот.
Севкупно, продажбата на возила во првите четири месеци од 2022 година е намалена за 12% од истиот период претходната година.
Светлата точка остана продажбата на електрични возила и plug-in хибриди, брзорастечки сегмент што Кина го поддржа и каде што сега доминираат брендовите произведени во Кина.
Продажбата на електрични возила и плаг-ин хибриди се зголемила за 45% во април и повеќе од двојно е зголемена во текот на првите четири месеци годинава во споредба со продажбите во првите четири месеци во 2021 година.
Помеѓу кинеските брендови, BYD беше најголемиот победник, забележувајќи скок од 164% во продажбата во првите четири месеци од годината, вклучително и април, кога нејзиниот американски ривал Тесла го запре производството поради ограничувањата во снабдувањето.
BYD, кој исто така произведува батерии за електрични возила, учествуваше со 32% од сите батерии инсталирани во електрични возила во април, зад CATL, кој учествуваше со 38%, покажаа податоците од Кинеската алијанса за иновации за автомобили и батерии.
Продажбата на Tesla падна за 98% во април со извозот на нула, бидејќи заклучувањето на Шангај ја нарушија логистиката во близина на неговата фабрика.
Главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск, изјави во вторникот дека очекува ограничувањата за Ковид 19 во Кина да бидат помалку нарушувачки и дека продажбата во Кина ќе претставува 25% до 30% од нејзината вкупна продажба на долг рок.
„Имав разговори со кинеската влада во последните денови и јасно е дека заклучувањата брзо се укинуваат“, рече Маск.
Извор: NikkeiAsia