Според краткорочните проекции на Европската комисија, производството на домати во ЕУ се предвидува годинава да достигне 16,5 милиони тони, што би претставувало намалување од 9% во однос на претходната година.

Исто така, се предвидува производството на домати за преработка да изнесува 10,1 милиони тони, што би претставувало пад од 14% во однос на претходната година.

Продолжените периоди на суша во главните земји производители, Италија и Шпанија, се очекува да го поттикнат овој пад на производството. Многу одгледувачи, исто така, имаа потешкотии со наводнувањето поради недостиг на вода, особено во северна Италија, што дополнително ги намали проценките.

Се разбира, зголемените трошоци за енергенси и ѓубрива предизвикаа многу одгледувачи да ги преиспитаат своите финансиски стратегии во 2022 година. Некои го неутрализираат влијанието со купување помалку ѓубриво од вообичаеното или со намалување на површините за садење.

Дополнително, оранжериите се од суштинско значење за одгледување домати во ЕУ, бидејќи природниот гас, електричната енергија и дизелот се клучни инпути за да се одржуваат во функција, особено за системите за греење, одржување и наводнување.

Значителниот притисок на зголемените трошоци резултираше со тоа што многу производители на зеленчук беа принудени да го прекинат производството.