Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагираше на најавата на Германија за стопирање на проектот Северен тек 2.
– Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот Северен тек 2. Добредојдовте во многу нов свет каде Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас – се закани Медведев на Твитер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, како одговор на вчерашното признавање од страна на Путин на сепаратистичките провинции Доњецк и Луганск, ја прекина сертификацијата на гасоводот Северен тек 2.

„Како одговор на руските активности во Украина, федералната влада го затвора проектот за гасоводот Северен поток 2. Без таа потврда, Северен поток 2 не може да започне со работа“, објаснуваат германските медиуми.