Милијардерот Џорџ Сорос предупредува дека Кина претставува закана за Европската унија и нејзините вредности која се уште целосно не ја разбираат ниту европската јавност, ниту европските политичари и бизнис лидери. Ова е главната поента од авторскиот текст на Сорос објавен во Project Syndicate.
Тој предупредува дека дозволата за Huawei за поставување на 5G мрежа во Европа ќе и овозможи на Кина да ја уценува и саботира ЕУ во иднина.
Според него, ЕУ мора да им помогне на Ериксон и Нокиа да изградат конкурентни 5G мрежи за да не биде целосно зависна од Кина.
Сорос пишува дека “иако Си Џинпин е диктатор кој користи врвна технологија во обид да наметне тотална контрола врз кинеското општество, Европејците ја сметаат Кина пред се како важен деловен партнер и не успеваат да оценат дека тој воспостави режим чии водечки принципи се дијаметрално спротивни на вредностите врз кои е основана Европската унија”.
Huawei е многу необична и уникатна компанија. Нејзиниот основач Рен Женгфреи го добил своето техничко образование како член на инженерскиот одред во Народната армија на Кина, која потоа беше прв клиент на Huawei, пишува Сорос.
“Во времето на основањето на Huawei во 1987 година, целата технологија во Кина беше увезувана од странство, а целта на Рен беше да ги врати инженерите на странски технологии со локални истражувачи. Тој успеа да ги надмине своите најлуди соништа. До 2005 година извозот на Huawei ја надмина домашната продажба. Во 2010 година, Huawei беше вклучен во глобалниот список на списанието Fortune на 500 најголеми компании. Откако Хи дојде на власт, Хуавеј изгуби секаква автономија што можеби ја уживаше”, пишува Сорос.
Шпионирањето, вели Сорос, не е најголема опасност за Европа.
“Да се направи најкритичната инфраструктура во Европа зависна од кинеската технологија значи отворање на вратата за уцена и саботажа. Очигледно, ова не е јасно за лидерите на земјите членки на ЕУ, ниту за лидерите на индустријата, особено во Германија”.