Србија го забрани извозот на лекови на 30 дена

Владата на Република Србија донесе Одлука со која се забранува извоз на лекови што се користат во хуманата медицина во траење од 30 дена, а која стапува на сила денес, се вели во документот објавен во Службен весник.

Од забраната за извоз и реекспорт на лекови ослободени се лековите произведени во Србија, кои не се регистрирани во Србија, односно кои се произведуваат исклучиво за странски пазари“, се наведува во одлуката.

Исклучоци од забраната за извоз се и лековите што странско лице ги испраќа во процесот на транзит од царинската територија на Србија, како и извозот на лекови со овластување издадено со посебен акт на Владата на Србија.

Според Одлуката, домашните производители, увозници и извозници на лекови се должни со изјавата на одговорното лице да се обврзат на континуирано и непречено снабдување на српскиот пазар на сите лекови што ги произведуваат и увезуваат, се вели во одлуката.