Унгарската влада најави ќе воведе дополнителен „одбранбен придонес“ кои би го плаќале банки, енергетски фирми и мултинационални компании.
Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан,Гергели Гуљас рече дека секоја мултинационална компанија што заработува дополнителен профит во услови на сегашни „воени“ услови мора да плати придонес во државниот одбранбен фонд.
Унгарија е една од седумте земји кои ЕУ ги прекори минатиот месец за прекумерни дефицити, а властите го обвинија негативниот ефект од војната во соседна Украина за економските предизвици и зголемената дупка во буџетот. Владата на Унгарија ги нарече новите финансиски давачки како „одбранбен придонес“ на индустриите.
Профитот на унгарските банки растеше бидејќи централната банка ги зголеми каматните стапки – како и насекаде во Европа – за да се спротивстави на порастот на инфлацијата делумно предизвикан од поскапувањата на горивото по војната во Украина. Зголемувањето на цената на струјата, исто така, ја зголеми заработката на енергетските фирми. Унгарските каматни стапки сè уште се меѓу највисоките во Европската унија.
Орбан минатиот петок се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг на, како што рече, украинската „мировна мисија“.
Владата на Орбан се бори со буџетски дефицит кој е далеку над границите на ЕУ: недостатокот во просек изнесуваше речиси 7% од БДП во последните четири години.
Објавувајќи ги мерките како дел од „антивоениот акционен план“, Гуљас по состанокот на владата во понеделникот рече дека Унгарија, исто така, ќе ги задржи неочекуваните даноци за трговците на мало и мултинационалните компании оваа година наместо постепено да ги укине како што се очекуваше, и дека дел од нив ќе оди во она што тој го опиша како „одбранбен фонд“.
Државата ќе ги оданочува девизните трансакции на банките и ќе ги зголеми провизиите за трансакции, рече тој.
Извор: Reuters