Македонскиот производител на челични конструкции Факом во првите шест месеци годинава продал стоки во вредност од 10,4 милиони евра, кои се за 43% поголеми во споредба со истиот период лани.
Притоа голем раст од дури 79% бележат приходите од извоз и продажба на странски пазари на Факом кои достигнаа 8,85 милиони евра. Дури 85% од вкупните приходи од продажба на Факом во првите шест месеци се остварени од продажба на странски пазари.
Големиот раст на извозот делумно се должи и на растот на цените на суровините во овој период, кои биле речиси двојно поголеми во споредба со лани.
Од продажба на домашниот пазар Факом остварил приходи од 1,5 милиони евра, кои се за 32% помали во споредба со лани.
Оперативните расходи на компанијата во овој период пораснале за 44%, достигнувајќи 10.64 милиони евра.
Како последица на големиот раст на цените на многу суровини, трошоците за суровини и материјали на Факом се зголемени речиси двојно (95%), достигнувајќи 6,2 милиони евра.
Во исто време трошоците за вработени на компанијата се зголемени за 10% и изнесувале 3,17 милиони евра.
Оперативната добивка на компанијата во првата половина годинава изнесува близу 76.000 евра и е за 14% пониска од претходната година. Доминантен сопственик на „Факом“ е компанијата „Репро Оне Лимитед“ која поседува над 97% од акциите, додека околу 2,7% од акциите се во сопственост на домашни акционер