
Цените на нафтата пораснаа денеска како резултат на загриженоста за глобалната понуда по забраната за извоз на гориво од Русија.
Фјучерсите на брент нафтата поскапеа за 52 центи, или 0,56%, на 93,82 долари за барел, додека фјучерсите на американската западна Тексас интермедијт (WTI) поскапеа за 73 центи, или 0,81%, на 90,36 долари за барел.
Овие две одредници за светската цена на нафтата се зголемија повеќе од 10% во претходните три недели поради загриженоста за намалената глобална понуда откако Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците (OPEC+) одлучија да го намалат производството на нафта.
Русија привремено го забрани извозот на бензин и дизел во сите земји надвор од кругот на четири поранешни советски држави со итен ефект за стабилизирање на домашниот пазар на гориво, соопшти руската влада во четвртокот.