Како дел од активностите за зголемување на соработката меѓу 6те земји од Западен Балкан и Европската Унија, Коморскиот инвестициски форум во рамки на заедничкиот проект со DIHK- Германската комора за индустрија и трговија, започна со подготовка билтен со информации во врска со објавените ЕУ регулативи, релевантни за компаниите од регионот.
Подолу можете да го видите првото издание на билтенот, коешто исто така можете да го најдете и на официјалната веб страна на Коморскиот инвестициски форум со директни линкови до законите: https://www.wb6cif.eu/signal/ .
Со овој билтен, КИФ има за цел да им помогне на компаниите од регионот полесно да се запознаат со Европската регулатива и начинот на работење на земјите од Европската Унија, со што во блиска иднина ќе се зголеми обемот на соработка и извозот на домашни производи/ услуги со врвен квалитет на европските пазари. Информациите во билтенот ќе бидат секојдневно ажурни, согласно настанатите измени во регулативата на ЕУ.
„СИГНАЛ“ БИЛТЕН НА КИФ ОД ЗБ6
БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА БИТНИТЕ ЗАКОНСКИ АКТИ НА ЕУ
15ти јан. 2020 г.
ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Производ за здравје на растенијата
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/29 на Комисијата од 15.01.2020 г.
Во врска со неодобрувањето на Vitis vinifera cane tannins како основна супстанција во согласност со Регулатива (ЕК) бр. 1107/2009 на Европскиот парламент и на Советот за пласирање на производи за заштита на растенијата на пазарот.
Оваа Регулатива влегува во сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија и е целосно обврзувачка и директно применлива во сите земји-членки.
За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.15-Commission-Implementing-Regulation-2020_29.pdf
14ти јан. 2020 г.
ЗЕМЈОДЕЛСКО-ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА – Увоз на органски производи
Регулатива за спроведување (ЕУ) бр. 2020/25 на Комисијата од 14.01.2019 г.
Изменување и исправка на Регулатива (ЕК) бр. 1235/2008 за утврдување на подробни правила за спроведување на Регулативата (ЕК) бр. 834/2007 на Советот во однос на подготовките за увоз на органски производи од трети земји.
Оваа Регулатива влегува на сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување, додека член 2 започнува да се применува од 31 јануари, 2020 г.
За понатамошни детали, текстот на овој законски акт може да се најде на следната врвка: https://www.wb6cif.eu/wp-content/uploads/2020/01/2020.01.14-Commission-Implementing– Regulation-2020_25.pdf
Коморски инвестициски форум од 6-те земји на Западен Балкан (КИФ од ЗБ6)
Регистрирано здружение на стопански комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија коешто формира платформа за соработка во 2017 г. во насока на нудење заеднички услуги, олеснување на меѓуделовните контакти и промовирање на регионот како единствена дестинација за инвестирање.
Инвестициски портал на КИФ од ЗБ6 – сѐ на едно место за инвеститори што имаат намера да инвестираат во регионот на 3Б6
Извор: Стопанска комора на Македонија www.mchamber.org.mk