Продажбата на автомобили во Кина намалена за 92% во февруари

Продажбата на патнички автомобили во Кина падна во првата половина од февруари бележи пад од дури 92% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Кинеската асоцијација на патнички возила.

Вкупно 4.909 патнички автомобили беа продадени во Кина во првата половина на февруари, што е драстично намалува во споредба за 59.930 продадени возила во истиот период претходната година.

Кинескиот пазар на автомобили најверојатно ќе забележи пад на продажбата за повеќе од 10 % во првата половина на 2020 година и околу 5% во текот на целата година, под услов епидемијата ефикасно да се сузбие пред април.

Кина е најголем пазар за продажба на автомобили за многу од големите автомобилски компании, меѓу кои и на германската автомобилска индустрија за која произведуваат авто-делови најголем дел од фабриките на странските инвеститори во земјава. 
Индустријата за автомобилски делови во земјава создава околу 60% од вкупниот извоз, па намалената побарувачка од страна на германската автомобилска индустрија би можело да има сериозно влијание врз извозот и економијата.

Со цел да се стабилизира пазарот на автомобили, каде минатата година беа продадени над 25 милиони возила, кинеското Министерство за трговија објави воведување на повеќе мерки за поттикнување на набавка на возила.