Извозот на Германија во март забележа пад од 11,8% достигнувајќи вредност од 108,9 милијарди евра, што е најголем пад од германското обединувањето во 1990 година, објави Федералното биро за статистика на Германија.

Падот на извозот е резултат на влијанието на пандемијата на корона вирусот и тој е поголем од падот за време на финансиската криза во ноември 2008 година, кога германскиот извоз падна за 9%, што беше претходниот најлош месец за Германија.

„Ова е најголемото намалување откако започна да се води статистиката во август 1990 година“, се вели во соопштението на Дестатис.

Увозот на Германија во март забележа пад од 5,1%, на 91,6 милијарди евра, што е најниско ниво од јануари 2009 година.

Министерот за економија Питер Алтмајер предупреди кон крајот на април дека Германија, најголемата европска економија која е силно зависна од извозот, се соочува со „најлошата рецесија во историјата на Германија“ со очекуван пад на БДП од 6,3% годинава.

Германија очекува економијата да започне повторно да расте во 2021 година, за кога се очекува раст на БДП од 5,2%.

Економијата во 19-те земји од еврозоната падна за 3,8% во првиот квартал од 2020 година, но можно е таа да биде корегирана надолу.

Германија неодамна објави дека историски најголем пад на индустриското производство од 9,2% во март.