Турската лира падна на најниското ниво во историјата во четвртокот. Истовремено, вредноста на американскиот долар се искачи во однос на лирата до највисоко ниво во последните две години.
Ова уследи откако банкарскиот регулатор во земјата одлучи да го ограничи пристапот до странските инвеститори за трансакции деноминирани со лира.
Валутата беше под силен притисок како резултат на растечката инфлација, зголемената невработеност и бавниот раст.
Централната банка на Турција повлече милиони долари од своите девизни резерви за да купува лири и да ја поддржи вредноста на валутата во однос на доларот, а во вторникот банкарскиот регулатор објави нови ограничувања за странците кои вршат трансакции со лири, во обид да го спречат шпекулативното тргување.
Турската лира само годинава изгуби 18% од својата вредност.