Европската унија и официјално вчера одлучи да ги продолжи економските санкции против Русија за уште шест месеци до 31 јануари 2021 година, објави Ројтерс.
Европските лидери се согласиле да ги продолжат санкциите на самитот кој се одржа на 19 јуни, откако разговараа за состојбата на договорите во Минск, со цел да се донесе мир во источна Украина по анексијата на Русија на Крим во 2014 година.
„Со оглед на тоа што сè уште не е постигнато целосно спроведување, лидерите на ЕУ ја донесоа политичката одлука да ги преиспитаат економските санкции против Русија“, се вели во соопштението на Европскиот совет.