Бруто домашниот производ на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32,9 %, најголем пад на економијата од 1947 година наваму, покажувајќи ја силината на ударот кој го предизвика пандемијата на коронавирус врз бизнисите, потрошувачката и невработеноста.
Најголем дел од овој пад е забележен во месец април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворањата на рестораните, кафе баровите и фабриките што започна кон средината на март.
Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економијата и за граѓаните. Се работи за пакет мерки од 3 трилиони долари за помош компаниите да исплата на плати на вработените и продолжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци што истекуваат оваа недела.
Пандемијата создаде пречки во глобаната трговија и го го намали увозот и извозот од САД.
Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и второт пакет мерки и не презеде план за запирање на вирусот, американската економија може да доживее колапс.