Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и САД до декември 2022 година, со што Москва одговори на санкциите на Западот против Русија поради анексијата на Крим.
Москва забрани увоз на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, и, според декретот издаден во понеделникот, забраната ќе биде продолжена, со објаснување дека Русија мора да ги заштити своите национални интереси.
Путин постојано повторува дека ембаргото ќе ја подобри самодоволноста на Русија, на пример во млечната индустрија, и со тоа ќе ја намали зависноста од увезената стока.
Покрај ЕУ и САД, ембаргото ги опфаќа Австралија, Канада и Украина.
Многу производи од Запад продолжуваат да го наоѓаат својот пат до Русија, и покрај забраната, како што е сирењето од Италија и Франција, многу популарно меѓу најбогатите Руси.
Руската забрана за увоз на храна за многу земји отвори шанса за поголем извоз, особено на производите за кои Русија е увозно зависна, како овошје, млечни производи и други прехранбени производи.