Во периодот јануари до март годинава помалку стока се превезувала. Пад има кај секој вид на товарен транспорт, и кај патниот, кај железничкиот и воздухопловниот товарен превоз на стоки, покажуваат последните податоци од Држвниот завод за статистика.

Во првите три месеци преку товарен патен превоз биле превезени 21,5 милиони тони стока, што е намалување од 12% во споредба со истиот период лани. Поголем дел или 12,3 милиони тони од превезената стока биле за трети лица, каде има намалување од 2,4% во споредба со првото тромесечие од минатата година. Количината на стоки превезени со патен товарен транспорт за сопствени потреби во првите три месеци годинава изнесувала 9,1 милион тони и бележат пад од 22,5% во споредба со истиот период лани.

Преку железницата во првите три месеци биле превезени само 185 илјади тони стока, што е пад од 22%.

Преку воздухоплов транспорт биле превезени 727 илјади тони стоки, што е нмалување од 1,8% во споредба со истиот период лани.