Минатата година од Македонија биле извезени 13 илјади тони млеко и млечни производи во вредност од 34 милиони евра. Вреедноста на увозот е зголемена за 34%, додека количината на продадени млечни производи продадени во странство бележи раст од 38%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Истата 2024 година увозот на млечни производи во странство надмина рекордни 104 милиони евра, што е историски највисока вредност досега во Македонија. Увезени биле над 57 илјади тони млечни производи, раст од над 14% во споредба со претходната година.
Статистика покажуваат дека увозот на млеко е само последица на падот на македонската млечна индустрија која трае веќе подолго време.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на млечни крави во земјава лани изнесувал 73.522, што е за 40% помалку во споредба од пред 10 години кога оваа бројка била над 125 илјади.
Минатата година биле произведени 282 илјади литри млеко. Иако производството е зголемени во однос на претходната година, во споредба од пред пред десетина година сега се произведуваат речиси 100 илјади литри помалку млеко.
.
