Во периодот од јануари до април годинава, од Македонија се извезени близу 1.300 тони јагнешко месо, при што е остварен извозен приход од 11,2 милиони евра.
Вредносно, извозот на јагнешко месо во првите четири месеци од годинава е намален за 9,3% во споредба со истиот период лани, додека обемот на извезено месо бележи пад од 12,5%.
Најголем извоз е остварен во Хрватска, во вредност од 3,8 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Бугарија, со 3,2 милиони евра. Потоа следуваат Италија со 2,2 милиони евра, Србија со 895 илјади евра, Албанија со 793илјади евра и Грција со 218 илјади евра.
Во текот на 2024 година, од Македонија било извезено јагнешко месо во вредност од 15,5 милиони евра, што претставува раст од 10% во споредба со 2023 година.
Во последните пет години, најголем извоз на јагнешко месо бил остварен во 2021 година – 2.700 тони од кои е остварен извозен приход од 16 милиони евра.