Македонија во 2024 година извезла сирење во вредност од 5,5 милиони долари — најмалку од сите земји во регионот. Иако ова претставува раст од 28,4% во однос на претходната 2023 година, останува далеку зад останатите балкански држави.

Глобалниот пазар на сирење достигна 45 милијарди долари, што е пораст од 35,1% во споредба со 2020 година. Најголем дел од извозот го остваруваат Германија (6,7 милијарди $), Италија и Холандија (по 5,8 милијарди $), Франција (4,3 милијарди $) и САД (2,5 милијарди $), кои заедно учествуваат со над 55% од светската вредност.

Во регионот доминира Грција со рекордни 1,06 милијарди долари, 12-та на светско ниво. Следуваат Бугарија (103 милиони долари), Словенија (55 милиони долари), Србија (52 милиони долари), Хрватска (46 милиони долари), а Македонија е на дното со 5,5 милиони долари.