До средината на векот, населението на Европската Унија ќе се намали во 80% од нејзините региони.

Прогнозите на Евростат покажуваат дека до 2050 година, населението во ЕУ ќе се намали во 836 од 1.165 региони на ЕУ, или 71,8% од регионите. Раст на населението се проектира во преостанатите 329 региони, покажуваат податоците на Еуростат.

Депопулацијата ќе биде многу нерамномерна, со сериозни намалувања што ќе ја погодат Источна и Јужна Европа, додека Западна и Северна Европа може да забележат мал раст поради миграцијата.

Се очекува најголемите падови да се појават по источната граница на ЕУ – од Финска и балтичките држави до Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
Пад на населението се проектира и во делови од Грција, Хрватска, јужна Италија, Португалија, Шпанија и источна Германија.
Сепак, се очекува растот на населението да биде концентриран првенствено во Северна и Западна Европа.

До 2025 година, речиси 30% од регионите на ЕУ ќе имаат најмалку една четвртина од своите жители на возраст над 65 години.
До 2050 година, овој процент ќе се зголеми на околу 90%, опфаќајќи 1.040 региони низ Европската Унија.

И Македонија останува без жители


И Македонија не е исклучок од овој негативен тренд. Се раѓаат сѐ помалку деца, населението старее, а компаниите веќе се жалат дека немаат доволно работници. . Според податоците од Државниот завод за статистика во изминатите 20 – тина години Македонија изгубила околу 230.000 лица.

Загрижувачките негативни трендови веќе одамна алармираат дека демографијата повеќе не е само социјално прашање, туку сериозен економски проблем кој ќе влијае врз растот на бруто – домашниот производ, пензискиот систем и пазарот на труд.