Од ноќеска бензините поскапуваат за половина денар

со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска цените на горивата Супер 95 и Супер 98 поскапуваат за половина денар и ќе се продаваат по цена од 48,50 денари за литар, односно 50,50 денари за литар.

Цената на дизел горивата останува непроменета, односно тие продолжуваат да се продаваат по цена од 45 денари за литар.

Од РКЕ велат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 4,437%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 1,366%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,327% и кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,178 %.