Германскиот извоз продолжи да расте во септември, иако со побавно темпо од претходните месеци, зголемувајќи се за 2,3% во осноа од август, односно за 3,8% во споредба со септември минатата година, соопшти заводот за статистика Дестатис.
Од друга страна, увозот на Германија во септември се намалил за 0,1% на месечно ниво, а во споредба со истиот месец лани, увозот е помал за 4,3%.
Кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 предизвика голем шок и промена во структурата на германскиот извоз во земјата. Во вториот квартал годинава, Германија извезла повеќе во Холандија отколку во Франција, и повеќе во Кина отколку во САД.
Во третиот квартал германскиот извоз повторно се врати на старите патеки при што извозот во Франција го надмина извозот во Холандија повторно, а САД повторно станаа најважна извозна дестинација за германските извозни компании.
Сепак, извозот во Кина сè уште има многу поголемо учество во вкупниот извоз отколку во 2019 година, што ја илустрира важната улога што Кина ја одигра во скок на германската економија во третиот квартал.
Иако очекувањата на германските извозници се подобрени, проценките на аналитичарите се дека германскиот извоз нема така лесно да се врати на предпандемиските нивоа, пред се како резултат на влијанието на вториот бран на пандемијата со Ковид 19, трговскиот конфликт со САД и структурните проблеми низ кои минува атомобилската индустрија, која е најважна германска извозна индустрија.