Компанијата Amazon денеска соопшти дека купила 11 авиони Боинг 767-300, бидејќи сака да ги зајакне можностите за испорака и да се справи со напливот на нарачки преку Интернет.
Авионите, вклучително седум од Делта Ер Лајнс и четири од Вест џет Ерлајнс, ќе се приклучат на мрежата за воздушен товар на Amazon до 2022 година, се вели во соопштението од Amazon.
Во јуни, Amazon изнајми 12 конвертирани товарни авиони Боинг 767-300 од „Air Transport Services Group Inc“, со што неговата вкупна флота се искачи на повеќе од 80 авиони.
„Да се има микс од изнајмени и авиони во сопственост на нашата растечка флота ни овозможува подобро да управуваме со нашите операции“, рече Сара Роадс, потпретседател на „Amazon Global Air“.
Компанијата Amazon во октомври соопшти дека нејзините зголемени трошоци за инфраструктура за испорака најверојатно ќе продолжат да се зголемуваат и во следните години.
Amazon e меѓу компаниите кои најмногу профитираа од пандемијата со Ковид 19 која го зголеми електронското купување.
Извор: Reuters
>>Поврзани вести
>> Amazon е најголем победник во пандемијата: Профитот зголемен за 197% <<