Премиум автомобилскиот бренд Audi за кој испорачуваат и многу од фабриките во Македонија, со соочува со намалени продажби во Кина, но и во Европа.

Audi, gерманскиот производител на премиум автомобили, кој е дел од групацијата Volkswagen, обjави дека планира да укине илјадници работни места надвор од производството, со цел да ја зголеми ефикасноста и конкурентноста.
Информацијата доаѓа само еден ден откако Audi објави дека профитот во третиот квартал годинава паднал за 91%, како последица на намалените продажби во Кина и силната ценовна конкуренција во ЕУ.

Германскиот производител на автомобили Ауди се обидува да ја намали својата работна сила на среден рок со укинување на работни места надвор од производството, а загрозени се илјадници позиции, објави германскиот Менаџер Магазин. Укинувањето на работните места треба да се фокусира на таканаречените индиректни работни места во компанијата, како на пример во областа на развојот, каде што би можеле да бидат укинати над 2.000 работни места, се вели во извештајот.
Компанијата цели на намалување од околу 15%. Само во Германија тоа би влијаело на 4.500 индиректни работни места.
Управниот одбор на Ауди, која е дел од групацијата Volkswagen, потврдува дека моментално е во преговори со претставниците на работниците, но не се коментира за бројот на работни места кои би можеле да бидат засегнати.

Минатата недела и Volkswagen објави деkа има пад на профитот од 42% во третиот квартал како последица на намелните продажби во Кина и послабата од очeкуваната продажба на европскиот пазар. Неодамна, Volkswagen групацијата објави дека планира да затвори три фабрики во Германија како дел од програмата за кратење на трошоци и зголемување на засилената конкуренција од кинеските производители на електрични автомобили.