Глобалната криза со недостиг на чипови може да се прошири и во 2022 година со оглед на трошоците за зголемување на капацитетите за производство на полупроводници, објави рејтинг агенцијата Fitch.
Очекувањата на рејтинг агенцијата се проблемите во синџирот на снабдување да се решат во втората половина на 2022 година
Глобалната рејтинг агенција смета дека недостатокот на чипови ги принуди производителите, вклучувајќи ги и производителите на автомобили и камиони , да го намалат производството и тоа ги погоди добавувачите од првиот и вториот степен.
„За решавање на одредени предизвици во синџирот на снабдување би требало подолго време, како што е зголемување на производството на полупроводнички чипови и дополнителни инвестиции за проширување на капацитетот за испорака“, се вели во соопштението.
Од Агенцијата потенцираат дека доцнењата во испораките и транспортот и широко распространетиот недостиг на суровини и компоненти, како што се полупроводнички чипови, го забавуваат економското закрепнување од пандемијата на коронавирус.