2.8 C
Skopje
понеделник, ноември 24, 2025

ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025:

Извозни шампиони: Компаниите кои ја менуват македонската економија

Со задоволство ве информираме дека излезе шестата по ред специјална годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“, која е единствена публикација која ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија.

Проектот е веќе препознаен како многу влијателна економска публикација во земјата, со јасна мисија: да ја истакне важноста на извозот, да ја зголеми видливоста на водечките извозни компании и да поттикне институционална и општествена поддршка за извозот како двигател на економскиот раст, стабилноста и развојот на секоја земја.

Изданието Топ 100 Извозници 2025, освен рангирањето на 100-те најголеми извозници според остварениот извоз во 2024 година, содржи и ексклузивни интервјуа со лидери на извозни компании, секторски анализи, трендови и стратешки теми за иднината на македонскиот извоз.

Во годинешното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025 по трет пат го објавуваме прилогот КОЈ Е КОЈ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА посветен на клучните играчи на пазарот на транспортни, логистички и шпедитерски услуги. Во него се бидат рангирани водечките компаниите кои остваруваат најголеми приходи на пазарот за транспорт и логистика во Македонија.

За кого е наменето изданието ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ?

  • Извозни компании
  • Инвеститори и секторски аналитичари
  • Банки, осигурителни компании
  • Логистички и транспортни фирми
  • Институции, амбасади и бизнис комори
  • Консултанти, истражувачи и академски сектор

Едицијата „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ се објавува во висококвалитетно печатено издание на 92 страни и се дистрибуира до најзначајните институции во земјава, бизнис комори, амбасади.
  • Еден примерок од едиција Топ 100 Извозници 2025 ................................................. 800 денари
  • Пет примероци од едиција Топ 100 Извозници 2025 .............................................. 3.200 денари
  • Пакет три изданија Топ 100 Извозници (2025, 2024 и 2023)................................... 1.800 денари

Испораката е бесплатна до посочената адреса!

Како да нарачате?

Примерок од новата едиција можете да нарачате преку:
email: marketing@izvoz.mk или izvozmk@izvoz.mk

Телефон: 070 401 162
error: Content is protected !!