Од Делегацијата на германското стопанство во Македонија информираат дека се подготвува првото виртуелно „Германско-македонско ИТ- Б2Б партнерство“, кое го организираат заедно во партнерство со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Целта на овој настан е да се промовира соработката помеѓу македонските и германските компании од ИТ-секторот. Виртуелната конференција ќе се одржи на 1 јуни, додека состаноците ќе траат неколку недели започнувајќи на 2 јуни 2021 година.

“Северна Македонија е одлична алтернатива за компании во чиј стратегиски развој е предвидено аутсорсирање на услуги. Во земјата има голем број на ИТ специјалисти кои за своите услуги не наплатуваат сатници според тарифите во западна Европа, туку мошне пониски, но истовремено поседуваат високи квалификации. Компаниите од Германија кои би сакале да ги вклучиме во ова виртуелно делегациско патување се од индустрискиот сектор, како и компании кои се дел од финансискиот сектор, но веќе користат услуги од македонските ИТ експерти”, велат од Делегацијата.

Компаниите кои имаат интерес за учество на Б2Б-состаноците можат да побараат повеќе информации за учество на овој Б2Б на следната е-адреса: stankov@nordmazedonien.ahk.de.