Цената на суровата нафта Брент во 2021 година ќе варира главно во опсег од 40-45 долари за барел, предвидува рејтинг агенцијата Moody’s во својот извештај. На среден рок, цените ќе бидат во опсег од 45-65 долари за барел, главно на долната граница на овој опсег.

По овие цени, производителите ќе настојуваат да развиваат само најевтини резерви на нафта во следните 3-5 години.
За да развијат ресурси со голема маргина, на компаниите им треба цена од 50-55 долари за барел, се вели во извештајот.

Агенцијата исто така очекува дека резервите на нафта и нафтени производи во светот ќе останат високи и ќе се намалуваат со бавно темпо.
Експертите на Мудис веруваат дека по слабата 2020 година, пазарот на нафта ќе започне да се опоравува во 2021 година. Сепак, профитабилноста на компаниите сè уште ќе биде под нивото од 2019 година, за околу 20%, а ќе се намалуваат и капиталните трошоци.
Извор: ТАСС