Најголемата прехренбена компанија во светот Nestle го избра JPMorgan Chase & Co. да управува со продажбата на подружницата во Кина, Yinlu Foods Group, во зделка што би можела да го вреднува бизнисот на околу 1 милијарда долари, објавува Bloomberg.
Nestle планира да го продаде мнозинскиот удел во Yinlu и може да задржи само мал удел за да го надгледува производството на кафе подготвено за пиење „Нескафе“, кое Yinlu го ко-произведува во Кина, пишува Bloomberg.
Nestle наводно во моментов планира да распише понуди за прв круг веднаш кон крајот на април или почетокот на мај, но избувнувањето на коронавирус може да го одложи процесот. Како што пишува Bloomberg, разговорите се уште се во рана фаза и деталите за продажбата може да се менуваат, велат луѓето.
Nestle во 2011 година купи 60% од Yinlu Foods Group за 750 милиони франци, а потоа докупи 100% од капиталот а компанијата, со цел да ја искористи растечката побарувачка во Кина, но во последниве неколку години се соочува со намалување на нејзината вредност.
Трошоците за реструктуирање и другите трошоци на Nestle минатата година се зголемиле на 2,6 милијарди франци, во најголем дел заради намалувањето на вредноста на компанијата Yinlu, која има лидерска позиција на пазарот на готови кафиња за пиење веднаш (ready to drink).
Yinlu Foods Group, кој го започна бизнисот со храна во 1985 година, е специјализиран за производство и продажба на конзервирана храна и пијалоци. Компанијата има пет производствени погони во Кина и годишен капацитет на производство од 6 милиони тони.
Кина е втор најголем пазар на Nestle, која освен Yinlu има и уште една компанија за кондиторски производи во нејзина сопственост во Кина, која исто така бележи пад на продажбите посебно во изминативе неколку месеци.