- *Слабата продажба, особено во Кина, продолжува да влијае врз групацијата „Фолксваген“: Профитот повторно нагло падна во вториот квартал.
*Производителот на автомобили ја намали својата прогноза за приходите за тековната година.
*Развојот на ситуацијата е особено значаен и за Македонија, каде голем број фабрики за автомобилски компоненти се дел од европските синџири на снабдување.
Германскиот производител на автомобили Volkswagen денеска објави дека во вториот квартал годинава работел со нето добивка од 1,54 милијарди евра, што е за 32,9% пониско во однос на истиот период минатата година.
Во вториот квартал од 2025 година, нето добивката на VW изнесуваше 2,29 милијарди евра. Тоа е веќе за 36 % пониско од претходната година. За целата 2025 година профитот беше за 44% понизок од претходната година.
Најголемиот европски производител на автомобили продолжува да се бори со слабата побарувачка во Кина.
Volkswagen исто така објави оперативен профит од 3,5 милијарди евра во периодот април-јуни, што е намалување од 9,5 % во однос на истиот период минатата година. Спротивно на тоа, кварталните приходи од 82,4 милијарди евра беа малку повисоки од проценетите 81,7 милијарди евра.
Бројот на испорачани возила од целата групација Volkswagen во периодот април-јуни се намали за речиси 9 % на 2,08 милиони единици, објави претходно Volkswagen.
Испораките во Кина, најголемиот пазар на германската групација, се намалија за повеќе од една третина, на 424.300 возила, додека продажбата надвор од Кина беше поголема.
Главниот извршен директор Оливер Блуме однапред предупреди дека царините, трговските војни, геополитичките тензии и зголемената конкуренција создаваат проблеми за компанијата.
Плановите на Блуме за реструктуирање на работната сила наидоа на отпор од претставниците на синдикатите и германската покраина Долна Саксонија, која поседува 20 % од акциите во Фолксваген и две места во надзорниот одбор. Заедно со претставниците на вработените, тие го контролираат мнозинството во одборот на директори, каде што, според медиумските извештаи, најновите предлози не се одобрени.
Volkswagen веќе објави планови за елиминирање на 50.000 работни места во Германија до 2030 година, вклучувајќи 35.000 во главниот бренд Volkswagen, а останатите во подружниците како што се Ауди и Порше. Повеќе од 37.000 вработени веќе потпишаа договори за доброволно отпуштање.
По падот на профитот во вториот квартал, Volkswagen ги ревидираше надолу своите прогнози за продажба за целата 2026 година, сега очекувајќи пад до 3%. За споредба, во претходната прогноза Фолксваген се обложуваше на зголемување на приходите до 3%.
Портфолиото на Volkswagen Group се состои од 12 брендови, вклучувајќи автомобили VW, Audi, Porsche, Skoda, Lamborghini, Seat, Bentley, но и камиони MAN и Scania.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Volkswagen би можел да произведува кинески модели во Германија
„Volkswagen“ има за цел да намали 100.000 работни места и да го прекине производство во четири германски фабрики
Volkswagen ќе укине 50.000 работни места до 2030 година
Volkswagen повторно ќе го крати производствениот капацитет и ќе намалува вработени


























