Три месеци откако објави дека се откажува од изградба на фабрика за автомобили во Турција, вредна 1,3 милијарди евра, Volkswagen неодамна објави дека ќе инвестира 15 милијарди евра до 2024 година во производство на електрични автомобили во Кина, заедно со три кинески компании.
Со новата инвестиција, чија реализација ќе започне овој месец, таа ќе стане конкурент на американскиот производител „Тесла“, кој веќе ги лансираше првите возила од својата фабрика во Шангај.
Само пред една година, Volkswagen бараше нова локација за фабрика за производство на „пасат“, „супер б“ и „Шкода“.
Неколку земји во регионот се бореа за инвестиција од 1,3 милијарди евра: Србија, Романија, Бугарија, но изборот падна на Турција. Сепак, на почетокот на јули годинава германскиот гигант објави дека се откажува од инвестицијата поради падот на побарувачката за нови автомобили предизвикана од пандемијата „Ковид 19“.
Volkswagen оствари оперативна загуба од 800 милиони евра во првата половина на оваа година, додека во истиот период минатата година работеше со профит од 10 милијарди евра.
Од друга страна, побарувачката за автомобили во Кина брзо се опоравува, додека во останатите делови од светот опоравувањето на побарувачката оди многу побавно.