Шведскиот производител на луксузни возила Volvo Cars планира да изгради нова европска фабрика во источна Словачка вредна 1,2 милијарда евра, објави денеска словачкиот министер за економија, Ричард Сулик.
Третата европска фабрика на Volva ќе биде лоцирана во Кошице, вториот по големина град во Словачка“, изјави министерот за економија Сулик.

“Многу сум задоволен што Словачка успеа на натпреварот за оваа мега инвестиција која ќе донесе развој и многу работни места на истокот на Словачка“, се вели во изјавата на министерот Сулик.

Другите европски фабрики на Volvo Cars се во Белгија и Шведска.

Volvo ќе добие околу 20% од вкупната инвестиција од 1,2 милијарди евра како поддршка од словачката влада.

Се очекува фабриката да произведува околу 250.000 електрични автомобили годишно и да отвори околу 3.300 работни места. Се планира изградбата да започне следната година, а производството во 2026 година.

Volvo си постави цел до 2030 година да произведува само електрични автомобили.

Германскиот Volkswagen, францускиот PSA Peugeot Citroen, јужнокорејскиот Kia Motors и британскиот Jaguar Land Rover веќе имаат големи фабрики во Словачка, централна европска земја со население од 5,5 милиони жители.

Со најновата инвестиција, Словачка ќе ја зајакне својата позиција како најголем производител на автомобили по глава на жител во светот, со централноевропската земја со 5,4 милиони жители која произведува повеќе од 1 милион автомобили во 2021 година.

Производство на Volvo минатата година се зголеми за 5,6% на речиси 700.000 автомобили, од кои 27% се целосно електрични или plug-in хибриди.

Компанијата Volvo е во мнозинска сопственост на кинеската Geely Holding.