Фармацевтската компанија “Алкалоид” успешно се претстави на најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија, CPhI Worldwide 2021, кој се одржа во Милано, Италија, од 9 до 11 ноември.

“И покрај големиот број предизвици што ги наметна пандемијата во светот на бизнисот, „Алкалоид“ посветено работи на одржување на релациите со своите партнери и на започнување нови соработки со голем број компании од фармацевтската индустрија во светот. Во таа насока, со високо ниво на професионалност, тимот на „Алкалоид“ АД Скопје и оваа година со свој штанд успешно се претстави на најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија, CPhI Worldwide 2021, кој се одржа во Милано, Италија, од 9 до 11 ноември”, информираат од компанијата.

Како интернационално ориентирана компанија, „Алкалоид“ низ годините учествува на овој настан за да ги зацврсти соработките со клиентите од целиот свет.

“Се реализираат средби со постојни лиценцни партнери, дистрибутери и со добавувачи на супстанции, но и нови контакти кои потенцијално ќе прераснат во успешни идни партнерства”, велат од “Алкалоид”.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here