Во комуникација со стопанските комори ќе разговараme и за нови предлози и креирање на времени мерки за поддршка на компаниите од различни индустрии како што ќе има потреба.
“Каква сериозност би било од страна на Владата ако не димензионираме мерки за септември и за индустријата која придонесува околу 20% во Бруто домашниот производ( БДП) и која вработува над 25% од вработените лица во земјата, која што е комплетно извозно ориентирана, која создава додадена вредност и која во овој период е многу ранлива бидејќи може да ги изгуби врските со странските компании и со добавувачите. Во тој случај нормално е да и биде потребна поддршка и за тоа има обезбедно средства”, изјави министерката Нина Ангеловска на денешната прес конференција.